Само одредени видови на уреди може да се користат и регистрираат за Услугата. СВОД Мастер го задржува правото од време на време да
одлучи кои уреди се сметаат за одобрени врз основа на моменталното ниво на технички развој и стандарди.
Пристапот и конзумирањето на содржини преку услугата на GLEY е можен преку смарт телефони и таблети (iOS 10 и понови, Android 6 и понови) персонални компјутери (Windows 7 и понови Mac OS X v. 10.7 и понови, со користење на најновата верзија на стандардни интернет пребарувачи: Chrome, Microsoft Edge, Mozilla, Safari) и смарт ТВ приемници (Samsung, LG, направени во 2017 и понови, Philips, Hisense) и АндроидТВ уреди (Android 7 и понови). За подетални и најнови информации, кликни
тука.
СВОД Мастер не доставува сопствени уреди и не презема никаква одговорност за перформансите на одобрените уреди или за нивна постојана
компатибилност со Услугата и нејзиното ажурирање.
За да ја користи Услугата, Корисникот мора да ги има потребните и одобрени системи, врска и опрема. Спецификацијата на тековните системски побарувања е достапна на веб-страницата. Сепак, исполнувањето на овие системски барања не гарантира дека корисникот ќе може да ја користи услугата на неодредено време и од причини што не се под контрола на СВОД Мастер. Користењето на услугата може да бара од корисникот да инсталира софтвер од трета страна.СВОД Мастер ќе овозможи информација на веб-страницата за тоа кој софтвер од друго лице може да се користи, но СВОД Мастер не е одговорен за софтверот на другото лице и за неговото ажурирање.
Услугата бара корисникот да има пристап до потребната интернет-врска. Корисникот е одговорен за сите трошоци поврзани со таквата врска,
вклучувајќи ги и трошоците за сообраќај на податоци, без оглед на тоа каде се користи услугата. Спецификацијата за барање на минималната
Брзина на преземање што е потребно за користење на услугата е достапна на веб-страницата.
За да се користат услугите на веб-страницата, корисникот треба да се осигура дека неговиот приемен уред функционира правилно, дека е
поврзан на Интернет, дека се инсталирани важечките апликации на него и дека има соодветен компјутерски софтвер, во зависност од типот и
моделот на приемниот уред. Услугата е достапна само додека приемниот уред е поврзан на Интернет, без оглед од типот на конекцијата, која,
меѓу другите, може да вклучува: мобилна и фиксна мрежна инфраструктура, домашна инсталација, безжична конекција, хотспот и тн.
Корисникот е свесен за фактот и прифаќа дека користењето на услугата бара висококвалитетен Интернет пристап и дека, во зависност од
квалитетот на Интернет конекцијата, Услугата може да не биде секогаш достапна под еднакви услови и со еднаков квалитет.