Глеј и движи

Гледањето филмови и серии е еден од омилените начини за релаксација, но долготрајното седење може да предизвика физички непријатности и потреба за активност. Поттикнати од идејата дека забавата и грижата за телото можат да одат рака под рака, со гордост го претставуваме нашиот најнов оригинален проект – „Глеј и движи“, во соработка со познатата јога инструкторка Лејла Рамковска и нејзиниот тим од јога учители, тренери и инструктори.

„Глеј и движи“ е специјално креиран видео серијал за јога, фитнес и релаксација дизајниран да внесе рамнотежа, енергија и грижа во секојдневието на нашите корисници. Првиот дел од проектот содржи осум внимателно структурирани видеа, со времетраење од 15 до 30 минути, наменети за сите нивоа на физичка активност.

Во серијалот се вклучени:

Ова е само почетокот.

„Глеј и движи“ ја означува првата фаза од нашата нова иницијатива – GLEY како платформа што, покрај врвна содржина за забава, активно се грижи за благосостојбата и здравјето на својата заедница.

Во иднина, серијалот ќе се проширува со нови видеа и разновидни активности во соработка со сертифицирани инструктори и експерти. Целта е да понудиме сеопфатна, инспиративна и достапна програма, која мотивира и поттикнува движење – во секое време, на секое место.

Глеј и движи

Глеј и движи Гледањето филмови и серии е еден од омилените начини за релаксација, но долготрајното седење може да предизвика физички непријатности...