GLEY излегува на берза – прва македонска стриминг платформа со IPO

Скопје, 29.01.2025 – Акционерите на СВОД МАСТЕР АД, компанијата што стои зад стриминг платформата GLEY, донесоа одлука за емитување иницијална јавна понуда на акции (IPO) преку Македонската берза. Целта е обезбедување капитал за инвестиции во оригинална продукција и понатамошен раст.
GLEY, првата македонска стриминг платформа, брои над 80.000 корисници и над 2.600 часа програма, достапна на сите уреди. Компанијата бележи годишен раст од над 30% и воведе модели со реклами, нови пакети и партнерства со телекомуникациски оператори.
„Во изминатите, речиси повеќе од три години, преку континуиран раст успеавме да влеземе во повеќе од 80.000 домови, ја обединивме речиси цела македонска филмска и сериска програмска понуда, понудивме многу детски наслови синхронизирани на мајчин јазик и воспоставивме широка покриеност на уреди преку кои може да се пристапи до програмскиот каталог на GLEY, кој брои над 2600 часови програма. Спремни сме за новата фаза – инвестиции во оригинални програми, ексклузивни содржини и проширување на понудата со детска и странска програма. Со емисијата на акции нудиме профитабилни проекти и дополнителна вредност за идните акционери, со стабилна основа за долгогодишен успех,“ изјави Дарко Перушески, извршен директор на СВОД МАСТЕР АД.
Со планираната докапитализација, GLEY најавува нова фаза на развој, задржувајќи ја лидерската улога во дигиталната заштита на македонската култура и јазик.

Глеј и движи

Глеј и движи Гледањето филмови и серии е еден од омилените начини за релаксација, но долготрајното седење може да предизвика физички непријатности...