Во име на СВОД Мастер, ние се обврзуваме да ја штитиме приватноста на сите наши корисници. Ние ги собираме само неопходните, основни
податоци и информации од клиентот/корисникот, неопходни за деловно работење и ги информираме корисниците во согласност со добрите
деловни практики и со цел да обезбедиме квалитетна услуга. Ние им даваме на корисниците избор, вклучително и можност да решат дали
сакаат или не сакаат да бидат избришани од листите за е-пораки кои се користат за маркетинг кампањи. Сите податоци од
корисниците/клиентите се строго чувани и достапни само на вработените на кои им требаат за деловно работење. Сите вработени во
СВОД Мастер (и деловните партнери) се одговорни за почитување на принципите за заштита на приватноста.
Податоците кои ги внесувате при плаќањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери.
Трансакциите се процесираат преку техничкото решение на Комерцијална банка АД Скопје, во соработка со Интернационален Картичен
Систем АД КаСис, кое е сертифицирано од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции што ќе овозможи плаќање услуги со платежни
картички во реално време, преку веб страницата. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат
преку безбедносниот протокол на банката и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата
трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е
извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.